среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ:

Владата на Македонија донесе дополнување на Одлуката (ВИДИ ОДЛУКА) за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Дополнувањето на одлуката стапува на сила од 9 јули.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА.

Најнови вести