четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Четири милијарди евра странски инвестиции, пониски даноци и намалување на невработеноста на 10%

Четири милијарди евра странски инвестиции, пониски даноци и намалување на невработеноста на 10%

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја обнови Македонија. Потребна ни е економска обнова, таа ќе дојде со 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена. Со тоа ќе придонесеме кон намалување на невработеноста под 10%, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе го помогнеме и домашниот бизнис. Предвидуваме 8% даночна стапка, за персонален данок на доход и данок на добивка. Се обврзуваме и за намалување на ДДВ за угостителски услуги од 18% и 10%. Инфраструктурата целосно ќе ја реобновиме и ќе реконструираме 1000 километри патишта. На тоа поле планираме и 150 километри експресни патишта. Се обврзуваме да ја изградиме и пругата кон Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова на Македонија, истакнуваат од опозицијата.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Додаваат од таму.

 

Најнови вести