сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети огорчен и разочаран нема да му прости на Заев за изјавите дека Албанците се купуваат за пет пари

Ахмети огорчен и разочаран нема да му прости на Заев за изјавите дека Албанците се купуваат за пет пари

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети од вчерашниот митинг во Тетово, откако веќе ја слушнал аудио снимката на која Зоран Заев вели дека Албанците не вредат пет пари и дека нив можеш да ги купиш за пет денари, изрази длабока огореност и разочараност од таквите изјави.

Тој од Тетово порача дека касно ја слушнал „бомбата“ но дека со таквите изјави се навредени сите Албанци, дури и дека во гроб му се превртуваат коските на сите оние кои што паднале борејќи се на овие територии.

Ахмети исто така му порача на Заев дека за ова нема никогаш да му прости и дека е добро што сега веќе знаат што тој мисли за Албанците.

– Не можам а да не ја изразам мојата длабока огорченост и разочараност за неколку денешни изјави, кои касно ги слушнав, од кои навистина се шокирав, дека имало Албанци што се продаваат за пет пари, за пет динари. Нека не заборават сите тие, дека со оваа изјава и со оваа мисла му се превртуваат коските во гробовите на сите оние што истуриле крв на овие простории. Затоа да не заборават дена се превртуваат коските во гробовите на сите они екои се бореа на овие простоии и нека знаат дека ние нема да им простиме, рече Ахмети.
Тој ги повика албанците да останат смирени и да не реагираат бурно на овие изјави кои за нив се срамни и потценувачки.

– Браќа и сестри да не ја губи вербата и овој момент кој е многу срамен и потценувачки за нас да не се претвори во одмазда. Сметајте како ништо да не се случило, мудро делувајте и другите нека му ја мислат што мислат тие за нас и дека ние знаеме што мислат, затоа што сега веќе ги слушнавме што зборуваат и какви проценки прават, истакна Ахмети.

Оваа лутина додаде тој, да ја претвориме во сила, да ја претвориме во мобилизација и на 15 јули нека видат кои сме ние, и на 16 јули ќе се пее нова песна.

Најнови вести