Ѕвездата на „Mythbusters“, Грант Имахара почина на 49-годишна возраст.
-Нашите срца се скршени кога го слушнавме ова. Тој беше прекрасен човек и важен дел од нашата заедница. Молитвите и нашите мисли се со неговото семејство, соопштија од Дискавери.
Причината за смртта на Грант е сè уште непозната, а колегите и пријателите се збогуваа со него преку социјалните мрежи.