Ѕвездата од познатата музичка серија „Гли“, Наја Ривера која имаше 33 години почина како резултат на давење во езерото Пиру.
Нејзиното тело беше пронајдено во понеделникот, шест дена од исчезнувањето. Нејзиниот син беше пронајден како спие во чамецот со кој испловиле до средината на езерото.
Обдукцијата откри дека причината за нејзиното давење се дрога и алкохол, како и други медицински проблеми.
Наја се прослави по улогата како Сантана Лопез во музичката средношколска серија „Гли“.