Гевгеличани до 11 часот ја удвоија излезеноста на вонредните парламентарни избори во однос на 9 часот.
Според Општинската изборна комисија Гевгелија, до 11 часот на 37 избирачки места својот глас го дале повеќе од 4000 гласачи што е 23,3 отсто излезеност.
Во општина Валандово правото на глас до 11 часот го искористиле 1491 граѓанин или 15,4 отсто од гласачкото тело.
Во општина Богданци гласале 1101 граѓанин или 16,5 отсто, а во општина Дојран на осумте гласачки места излегле 479 граѓани што претставува излезеност од 17,8 отсто.
Гласачкиот процес се одвива мирно и без регистрирани неправилности.