Голема излезеност се бележи до тринаесет часот во Општина Крива Паланка. Вкупно 43,46 отсто од граѓаните излегле на гласање или од обработени 46 од вкупно 47 избирачки места, каде право на глас имаат 16.986 граѓани, до 13 часот гласале 7.382 граѓани.
Во Општина Ранковце излезеноста до 13 часот изнесува 31,69 отсто. Во оваа општина право на глас имаат 3010 граѓани.
Во општина Кратово од обработени податоци од 33 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 30,02 отсто, а право на глас во оваа општина имаат 7.881 граѓанин. (МИА)