Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.
– Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна и очекувам до крајот на денот грѓганите да го остварат своето гласачко право, истакна претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција.
Според него, изборниот ден поминува мирно, со мали, спорадични инциденти.
– Се решаават во од сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме да бидеме задоволни генерално од сликата која ја имаме за овој изборен ден, рече Дерковски.
Третата изборна единица и понатаму има највисока излезност од 43,99 проценти, а најниска излезност има во Шестата изборна единица.
Како што информира Деркоски, до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.
-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање. (МИА)