понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До 19 часот: Најмногу гласаат избирачите во ИЕ 4, најмала заинтересираност во ИЕ 6

До 19 часот: Најмногу гласаат избирачите во ИЕ 4, најмала заинтересираност во ИЕ 6

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.

Најнови вести