сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДИК сè уште врши прием и обработка на материјалите, резултатите ќе ги соопшти попладне

ДИК сè уште врши прием и обработка на материјалите, резултатите ќе ги соопшти попладне

Државната изборна комисија денеска соопшти дека сè уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр. 16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето. (МИА)

Најнови вести