среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Џиџи Хадид го покажа трудничкото стомаче, го откри полот на бебето

ФОТО: Џиџи Хадид го покажа трудничкото стомаче, го откри полот на бебето

Манекенката Џиџи Хадид (25) и нејзиниот партнер музичарот Зејн Малик (27) го очекуваат првото дете, а познатиот модел и инфлуенсерка го покажа за првпат трудничкиот стомак и го откри полот на детето.

На Инстаграм стори таа објави видео снимка на која открива дека наскоро треба да добијат девојче.

Поради пандемијата со коронавирусот таа заедно со партнерот се наоѓа во изолација со семејството во Пенсилванија.

Сите заедно уживаат во зеленилото, со оглед на тоа дека во позадина на сликата се гледа преубава природа. Тие се наоѓаат надвор од градот за да ја заштитат Џиџи од излoженоста на вирусот.

Тоа што може да се забележи е дека манекенката e поправена, усните и градите и се побујни, а стомакот по прв пат толку убаво се гледа. Фановите коментираат дека е преубава трудница која симболизира среќа, со оглед на тоа дека не ја симнува насмевката од лице.

Неодамна ги посети и сестрата на Џиџи, Бела Хадид (23), која директно од одморот во Италија отиде на гости кај бремената сестра.

Гордата тетка Бела не крие дека е среќна поради новата животна фаза на својата сестра, а за полот на детето им честиташе и Дуа Липа (24), која е во љубовна врска со нивниот брат Анвар Хадид (20).

Најнови вести