среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костовски: СДСМ во Бутел доживеа дебакл

Во Општина Бутел сами против сите на куп победивме во една битка каде што бутелчани покажаа дека националните и државни интереси им се врвен приоритет и со што Бутел се зацврсти на позицијата македонски бастион, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел Дарко Костовски.
Костовски: СДСМ во Бутел доживеа дебакл

Почитувани пријатели, членови на ВМРО, симпатизери, родољуби и граѓани на Општина Бутел

Во Општина Бутел сами против сите на куп победивме во една битка каде што бутелчани покажаа дека националните и државни интереси им се врвен приоритет и со што Бутел се зацврсти на позицијата македонски бастион, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел Дарко Костовски.

Верувам дека разликата од 1500 гласови ќе беше уште многу поголема доколку излезеа сите подржувачи кои стојат на патриотската линија за Македонија, но уште повеќе верувам дека оние наши подржувачи што не излегоа сега се чуствуваат непријатно затоа што државата од денеска е исправена пред нови многу опасни предизвици.

Без многу калкулации и анализи на секој свесен човек му е јасно дека ВМРО е единствената цврста насока за зачувување на македонската нација и држава, сите останати правци се создадени или од несвесни политичари кои имаат краток политички видик или од платеници на СДСМ кои богами периодов ги имаше доста.

Во мое лично име, како избран народен пратеник горд претставник на ВМРО-ДПМНЕ, најнапред сакам да ви се заблагодарам од срце за целокупната поддршка која ја добивав за време на оваа кампања, големо благодарам на сите соработници и пријатели кои веруваа во Македонија, капа доле за носителот на ИЕ2 Владо Мисајловски за жестоката битка, и секако голема и срдечна почит на храбрата и бескомпромисна борба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Христијан Мицкоски.

Борбата за Македонија трае вечно, како пратеник на ВМРО се обврзувам и ветувам храбра и жестока битка без разлика во која политичка поставеност се наоѓам, ВМРО и идејата за горда Македонија и исправен Бутел ќе бидат мојот јасен дејствувачки правец.

Да сте ми живи и здрави, да живее ВМРО, да живее Бутел, да живее МАКЕДОНИЈА, пишува КОстовски во својата објава.

Најнови вести