После веста дека актерката Анѓелка Прпиќ и нејзиниот сопруг Дарио се разведуваат по девет години брак, српските медиуми пишуваат дека за тоа е виновна старлетата Ава Карабатиќ, која сега се огласи по ваквите приказни.
-Да, тоа е вистина. Тоа беше додека бев во врска, поточно во 2017 година, кратко рече Ава Карабатиќ за „Блиц.рс“ .
Ниту Анѓелка ниту Дарио не се огласиле за ова.
За потсетување, Анѓелка и Дарио се во брак девет години и го имаат синот, Јакша.
Како што веќе пишуваше „Блиц“, актерката и угостителот одлучија дека наследникот ќе биде со неа седум дена, а потоа седум со него. Таа продолжи да живее на имот што заедно го купиле, а тој остана во станот во Звездара.