ЦК на ВМРО ДПМНЕ на вечерашната седница донел две крупни одлуки, соопшти на прес – конференцијата, соопшти Панче Тошков, претседател на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Првата одлука била донесена едногласно и со неа се овластува лидерот на партијата да води преговори за формирање на владеачко мнозинство.
Втората одлука е за повеќе статутарни промени со кои се придонесува за демократизација на партијата.
Со овие промени се ограничува мандатот на претседателите на партијата на 4 години, со право на реизбор уште два пати, но под услов третиот пат да биде избран со гласовите на 2/3 -тини од членовите на партиските органи и тела.
ВМРО-ДПМНЕ ја укинува и функцијата почесен претседател и отсега ниту Груевски ниту Георгиевски ја немаат таа функција.