На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски истакна дека секој дневно добива поплаки од граѓани за собиранките на млади лица на различни локации во градот, собиранки кои се случувале и до 5 часот наутро.
Една од познатите локации каде што ваквите собиранки на млади е секојдневие е фонтаната во Нова Населба. Голем број на жители од околните згради се пожалиле за огромната бучава од младите која била константна секоја вечер.
„Има поплаки заради големата галама што се прави во ноќните часови, што им го загрозува квалитетот на живење на граѓаните кои што живеат во зградите на фонтаната и кружниот тек во Нова населба, посочи Коцевски.
Денес Коцевски истакна и еден друг проблем кои не и доволно познат на велешката јавност, а тоа е проституцијата која се случува во казината во Центарот на градот. Градоначалникот изминатата недела имал средба со делегација на станари во зградите од Центар и тие му се пожалиле за бучавата која ја имаа во ноќните часеви од незадоволни коцкари од казината, но и од проституцијата која се одвивала во овие објекти.
-Исто така минатата недела имавме средба со делегација на незадоволни граѓани кои што живаат во Чешелот. Тие реагираат на неподносливите услови за живеење во текот на ноќните часови кои ги предизвикуваат незадоволните коцкари кои ги користат машините во казината кои се наоѓаат во поранешната Стоковна куќа. Беше изнесено дека дури има и проституција на јавен простор, што за мене беше вознемирувачка информација, истакна градоначалникот Коцевски.
Тој додаде дека испратиле порака до МВР во текот на ноќните часови да прават засилени контроли на овие места, кај што најчесто се собраат младите. Како што истакна Коцевски, граѓаните се жалеле дека ваквите собиранки и вознемирувања од казината се случувале и до 5 часот наутро.