вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дошла на рутинска операција, излезе во мртовечки сандак: На 28 годишна девојка и згрешиле инјекција, починала во големи маки (ФОТО+ВИДЕО)

Дошла на рутинска операција, излезе во мртовечки сандак: На 28 годишна девојка и згрешиле инјекција, починала во големи маки (ФОТО+ВИДЕО)

Екатерина Федјаева (28) од Уљановск, на западот на Русија почина во страшни маки зошто во текот на рутинска операција, наместо физиолошки раствор, по грешка и вбризгале формалдехид, кој се користи за балсамирање.

Екатерина отишла на обична лапораскопска операција на циста на јајникот. Неодамна се омажила и таа со сопругот сакале бебе, а цистата и правела проблеми. Постапката била рутинска и таа е оперирана на 15. март.

Меѓутоа, медицинската сестра по грешка во стомачната празнина наместо физиолошки раствор и вбризгала формалдехид. На Екатерина и се покачила температурата и и почнале страшни болки во стомакот. Лекарите и дале сметка, а на сопругот Игор, мајката Галина и свекрвата Валентина и рекле да си одат дома.

-Катја лежела во заедничка соба, каде имало уште осум кревети, жените се одмарале, па Игор рано заминал. И Галина во 7 часот ја замолиле да оди и и рекле да се врати утрото. Ми телфонираше дека Катјуша спие и дека притисокот и е многу низок, и дека и рекла „мамо, умирам“, раскажува потресената свекрва Валентина.

Галина отишла утрото кај ќерката, но Екатерина била во многу тешка состојба. Прво ја префрлиле во регионалната болница, а на 17 март во болница во Москва. Таму веднаш почнале да ја реанимираат, но веднаш рекле дека премногу време поминало.

-Девојката пристигна во многу тешка состојба, повеќе органи и откажаа, во таква состојба не можеше да живее, соопшти Федералната агенција за медицина и биолигија. На Екатерина и откажаа белите дробови и бубрезите. Ја разбудиле од кома само за да се прости со семејството.

-Ова е чисто убиство. Таа течност едноставно го уништи нејзиното тело од внатре, вели огорчената мајка Галина.

-Целото тело и се тресеше. Ја отруја и ништо не направија да и помогнат. Луѓето кои ја направија операцијата знаеја дека и е вбризгана погрешна течност. Мораа да преземат итни мерки, но не реагираа на време. Ги проколнував да направат нешто, а тие само само сакаа што побрзо да си одам и се да скријат под тепих, вели таа.

Во Уљановск почна истрага за овој случај, а го надгледува лично гувернерот на Уљановскиот регион Сергеј Морозов. Тој рече дека ќе се состане со семејството на Екатерина и дека државата ќе ги подмири сите трошоци за погребот.