Познатиот пејач Шако Полумента на својот Фејсбук профил сподели видео снимка од која многумина ги облеаја емоции и солзи.
Станува збор за видео на кое тој му ја пее омилената песна на својот татко кој е во постела и истата му ја посветува него.
Таткото на пејачот цело време го галеше него по главата, додека тој му ги бакнуваше рацете.
Емотивното видео на таткото и синот предизвика лавина на позитивни коментари на социјалните мрежи.
За потсетување мајката на пејачот почина во октомври, а тој тогаш од неа се опрости со емотивна објава на Инстаграм.