Една од одликите на еден вистински џентлмен или господин е да знае да готви и да припрема јадење. Кујната во денешно време е место каде што мажите се почесто поминуваат време. А веќе сигурно сте приметиле дека најголемите готвачки умови во светот се мажи. Од Џејми Оливер па се до нашиот Готвиме со Фичо.
Еве неколку типови на мажи според начинот на готвење.
Слободен дух
Само ќе го погледне рецептот, а потоа почнува да импровизира со јадењето. Тие храната ја доживуваат како свое лично уметничко дело.
Практичен со стил
Тие имаат разбирање за квалитетот, но не се секогаш спремни да го достигнат. Сакаат да читаат за гастрономија, но не и да се нафатат на некој покомплициран рецепт.
Мајстор за роштиљ
Маженствен и со карактер, тој го цени квантитетот во чинијата. Тие се самоуверени и ретко кога прашуваат за помош.
Модерен ентузијаст
На неговата полица ќе може да се најдат голем број на магазини и списанија поврзани со гастрономија. За вечерата ќе се потруди да ги импресионира гостите, па секогаш користи стручни фрази. Овој тип на маж секогаш сака да дознава нешто ново.
Страствен вегетаријанец
Запознат е со волшебностите на вегетаријанската кујна и секогаш се труди да ги користи најздравите намирници. Тие имаат нагласена духовна страна и голема љубов спрема животните.
Одличен домаќин
Кога тој ќе викне гости на вечера, бидете сигурни дека се спрема вистинска гозба. Традиционален господин кој секогаш сака да угоди. Иако вечерата ќе биде со поголем број на калории, никој нема да може да одолее на тоа.
Храбар истражувач
Светот е полн со преполни кулинарски култури, а овој тип на маж ги има сите истражено. Отворен е секогаш за учење и усовршување и спремен е да патува низ светот само за да дознае нови рецепти. Тој има огромна желба за експериментирање и ризикување.
Мора да признаеме дека во последните неколку години, имаме голема тенденција на мажи кои готват, а многу повеќе жени кои градат кариера. Затоа го имаме вистинскиот подарок за машките љубители на квалитетната кујна – машка престилка од FridayShop. Одворете го линкот, нарачајте веднаш, и изненадете го вашиот партнер, другар, брат или татко…