Манекенката Викторија Силвестед (45) и ден денес воодушевува со својот изглед. Таа ништо не му препушта на случајот, па затоа редовно тренира и здраво се храни, а резултатите јасно се гледаат на нејзиното тело.
Таа често ги радува своите следбеници со фотографии на кои нејзините облини и дефинирани мускули доаѓаат до израз.
Последна во низата е оваа во црни бикини која со голема брзина добила повеќе од 13 илјади лајкови.
Таа признава дека за нејзиниот изглед заслужни се дисциплината и многуте откажувања, но дека не се жали, бидејќи сака да изгледа убаво и ужива во тоа сите погледи да бидат насочени во нејзин правец.