четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Антовски: СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега

Антовски: СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега

СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега.Регулаторната комисија за енергетика под контрола на СДСМ удри по џебот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Парите кои СДСМ ги потроши за поткуп сега ќе ги враќа во буџетот преку покачени давачки, кои треба да ги плаќаат граѓаните. Домаќинствата низ цела Република Македонија, сега ќе треба да го покријат изборниот поткуп на СДСМ. Имено Регулаторната комисија денеска донесе одлука за покачување на цената на струјата во висина од 7.4%. Со тоа сметката на струја која до сега била 1500 денари станува 1600 денари, а сметка од 3000 станува 3200 денари. Ова е поздрав од Заев до граѓаните. Зголемувањето на цената на струјата во време на корона криза може да го направи власт која се грижи само за себе и своите интереси, власт на која народот и е на последно место. Регулаторната комисија за енергетика која ако беше навистина независно тело, а не партиска комисија ќе знаеше дека обичниот граѓанин едвај го поминува месецот да се прехрани. Секоја зголемена давачка му е товар на буџетот. Ја прашуваме РКЕ: Затоа ли го одложи носењето на цената на струјата пред изборите, за да може сега без жал и одговорност да ја зголеми истата водејќи сметка само за компаниите, но не и за македонскиот народ. Ова е најголемото покачување на струјата во Република Македонија во изминативе 12 години. За тој период земјата немаше вкупно кумулативно покачување на струјата од 8%, а сега имаме покачување од 7.4%. Ова е вистински удар по џебот на граѓаните и нивниот стандард, вели Антовски.

Тој додава дека изговорот на Регулаторна комисија дека ЕЛЕМ и МЕПСО имаат намалени приходи не држат, затоа што токму овие две претпријатија беа користени како место за вдомување на партиски активисти на високи плати, непосредно пред избори бидејќи се вработени повеќе од 1000 лица.

-Тоа се работни места кои власта ги делеше во трка по гласови, а плата за истите ќе треба да обезбедат 2 милиони граѓани на Република Македонија преку зголемените сметки за струја. Дополнително загубите се и поради аздисаноста на власта со тендерите во РЕК Битола, каде вртеа камиони на фирми блиски на Заеви. Ова покачување на струјата денес е резултат на расипничкото владеење на СДСМ во изминативе 3 години. Граѓаните допрва треба да ги плаќаат сметките за хаосот кој го причини СДСМ во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ апелираше до Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита намерата за покачување на струјата, затоа што граѓаните не смеат да бидат жртва на лошиот менаџмент на власта, но тие уште еднаш се ставија во функција на СДСМ и на штета на граѓаните донесоа одлука за покачување на струјата. Регулаторна комисија и СДСМ донесоа одлука која граѓаните ќе ги чини пари, а за некого тоа ќе значи и нарушена егзистенција.

Најнови вести