Пет лица кои дошле во Крушево со коњаницата од скопско Лисиче, ноќеска околу 2 часот се степале со крушевчанец на Гумење, пишува Фокус.
Според пријавата тепачката ја забележал полицаец кој патролирал таму. Од една страна бил крушевчанецот, а од друга страна биле петмината членови на коњаницата кои се удирале со раце и нозе.
За да ги смири полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум и тепачката престанала.