Психологијата што се занимава со детскиот развој укажува на тоа дека постојат ситни лаги кои не би требало да им ги кажуваме на децата, бидејќи е подобро да научат да се носат со разочарувањата, зашто така ги штитиме. Повеќето родители во разговорите со своите деца повремено може да кажат по некоја лага. Тоа најчесто го прават оправдувајќи се дека не сакаат да го повредат детето или да му предизвикаат фрустрација, туку само сакаат да му ја зголемат самодовербата. Психологот Това Клајн, која е и авторка на книга за детскиот развој, вели дека многу подобро е да ги научиме децата да се носат со разочарувањата, отколку да ги лажеме.
Според неа, постојат неколку лаги кои родителите најчесто им ги кажуваат на децата, но подобро е да ги избегнуваат.
Ова е најдобриот цртеж што го имам видено
Доаѓањето на детето од градинка кое носи цртеж што го има создадено таму, не е ситуација во која треба да се восхитувате на креативноста, но родителите тоа често го прават. Психологот Клајн вели дека во тоа нема штета.
Тоа е дел од односнот меѓу родителот и детето. Сепак, не морате да го оценувате цртежот, може да му кажете дека го сакате она што го создава. Искористете го тоа за позитивен коментар, но имајте на ум дека ако пречесто му кажува дека тоа е најдобриот цртеж што го има направено, реченицата со текот на времето ќе изгуби смисла и ќе стане „празна“.
Ручекот кој го подготви беше прекрасен
Сетете се на ситуациите во кои сте помагале во кујната – верјатно тоа не завршило како маестрално кулинарско дело. Па дури и да е било вкусно, родителите често го јадат тоа јадење, бидејќи се возбудени што детето зготвил нешто.
Повторно, подобро е да го пофалите трудот на детето, а не резултатите, бидејќи децата добро знаат кога всушност не сте искрени – советува психологот.
Извини, останавме без кекс
Понекогаш е полесно да излажете дека немате кекс дома, отколку да се карате со своето малечко околу тоа зошто не треба да јаде кекс пред ручек, или пак наместо ручек.
На малите деца може да им биде тешко да ја пребродат ваквата ситуација, но искрениот одговор е подобра опција бидејќи така децата се развиваат во ментална смисла, учејќи да размислуваат за аргументите, да пронајдат свои и слично. Значи, повремено може да избегнете расправа со ситни лаги, но кога можете, објаснете им зошто не можат да го добијат нештото што го сакаат.
Продавницата за играчки не работи
Продавницата за играчки, слаткарницата, зоолошката градина…сите овие места мистериозно се затворени кога родителите се преуморни да дебатираат со децата зошто во некој момент не може да се оди таму. Психологот Клајн тврди дека оваа лага не е штетна и таа понекогаш може дури и да ви биде од помош.
Уште малку и стигнавме
Семејните патувања неретко знаат да бидат напорни, а оваа реченица ја влошува ситуацијата, бидејќи тоа „уште малку“ всушност може да значи што било.
Не знам
Децата имаат милион прашања. Зошто е небото сино, зошто луѓето се разболуваат, зошто веќе нема диносауруси? Родителите на овие прашање често одговараат со „не знам“ за да го прекинат таквиот разговор, но наместо тоа подобро е на детето да му се даде некое објаснување што ќе го разбере.