Британската принцеза Кејт Мидлтон месецов ќе се породи по трет пат во најлуксузната болница во Англија која нуди специјален третман на мајките и нивните новороденчиња.
Оваа болница според анализите на светските медиуми лесно може да се мери со најлуксузните хотели со пет ѕвезди.
Од вкусна храна по сечија желба до најдобри вина и наздравување со шампањ по раѓањето на детето.
Во болницата мајките можат да уживаат во најголема приватност, како и да користат телевизор, радио, весници и интернет.
Принцезата Кејт официјално на породилно отсуство замина на 22 март, а се очекува да се породи околу 27 или 28 април, а доколку се породи на 29 април парот ќе има дупли повод за славење покрај нивната годишнина од бракот.
Инаку медиумите открија и еден детаљ кој ги изненади сите, а тоа е цената која изнесува 7 илјади долари за една ноќ престој во болницата.