вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Катарина Ивановска пред хамлетовска дилема: На Ева Херцигова наликува или е иста Линда Еванџелиста, прашање е сега? (ФОТО)

Катарина Ивановска пред хамлетовска дилема: На Ева Херцигова наликува или е иста Линда Еванџелиста, прашање е сега? (ФОТО)

За разлика од многу жени, кои по породувањето се борат со вишокот на килограми и се обидуваат на секој начин да ја вратат формата од пред бременоста, македонската манекенка и модел Катарина Ивановска изгледа нема таков проблем. Виткото тело, тенката линија и откако стана по втор пат мајка, се нејзиниот заштитен знак… Се разбира, покрај „ангелскиот лик“ на кој му стои секаква шминка, а Бога ми и фризура или поточно боја на коса!?

Дека тоа е така покажа последните фотографии кои Кики (како што пријателите ја викаат) ги сподели на својот Инстаграм, кои кај нејзините обожаватели и следбеници предизвикаа хамлетовска дилема: На кого личи Катарина како русокоса, со перика на глава, на чија тоа слава потсетува, прашање е сега?

На Ева Херцигова наликува или е иста Линда Еванџелиста?

Кој ја следел светската музичка сцена и спотовите на познатите пејачки ѕвезди во 90-ите, веднаш ќе се сети на Џорџ Мајкл и неговиот мега хит „Freedom“, во чие видео се појавуваат неколку од светски најпознатите манекенки. Главна меѓу нив и таа – тогаш во зенитот на славата и популарноста, Линда Еванџелиста.

Токму спотот на покојната поп ѕвезда помогна да се расчисти дилемата, за јавноста да не биде во недоумица како во турска сапуница, на кого повеќе личи „нашево девојче“ како русокоса со перика на глава, на чија тоа потсетува слава?! Одговорот гласи: Многу слична, ако не и иста – Линда Еванџелиста!

Впрочем, погледенете го видеото за потсетување, па самите заклучете дали „држи вода“ ваквото споредување?

Најнови вести