Раперката Карди Би (27) отворила профил на сајт за возрасни, a на кој фановите мораат да платат доколку сакаат пристап до содржината која е поставена.
Инаку платформата се користи за објавување експлицитни содржини на многу девојки од светот, но ја користат и познати личности за да можат да спечалат од своите разголени фотографии и интимни снимки.
Во соопштението стои дека раперката отворила профил на страницата за да може да сподели содржини кои настанале позади сцената, но и некои свои реакции.
Исто така, се наведува дека преку сајтот за возрасни луѓе, Карди Би сака на своите фанови да им дозволи поглед во нејзиниот приватен живот и на тој начин уште повеќе да се поврзе со нив.
„Добродојдовте во мојот свет“, пишува на профилот на раперката, кој за 5 долари месечно секој може да има пристап во нејзините објави.