Рекреацијата на Водно ќе стане луксуз, за кусо време советниците од редовите на СДС во Советот на Град Скопје ќе си изгласаат 100 денари за првиот час паркинг, а наредните саати ќе чинат 50 денари во зоната А0, елитата си го приватизира Водно, а и на раат ќе си го сечат и касапат, напиша на својот ФБ профил Јелена Жугиќ.
Таа додава дека ова претставува дискриминација и рекетирање за семејствата со мали деца, за возрасните скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до средно Водно.