недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште нови десет дена ќе трае блокадата на депонијата Русино

Уште нови десет дена ќе трае блокадата на депонијата Русино

Еко активистите го спречуваат носењето ан сметот од останатите осум општини во полошко. За вечер закажан е состанок на преставниците на засегнатите страни. Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет денови. Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” потврдија дека деновиве оствариле средби на повеќе нивоа. Засега нема решение кое би ги задоволило засегнатите страни. Па така по дваесетте денови блокада ќе следуваат уште десет нови.

Изминативе денови додека трае блокадата на патот постигнат е привремен договор за пропуштање на камиони со отпад од Гостиварската општина за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби.

За вечерва е закажан информативен состанок на кој ќе се изнесат аргументи за продолжување на проектот на полошкиот плански регион што го финансира швајцарската агенција за развој. Со него е предвидено да се формира заедничко претпријатие за девет општини.

Дали аргументите дека проектот кој предвидува набавка на контејнери за сите девет општини, подобрување на условите во депонијата Русино, спречување на загадувањето на почвата и подземните води, ќе бидат доволни за да се прекинат протестите ќе се знае по исходот на средбата.

Еко активистите стојат цврсто на ставот дека Русино треба да се затвори и депонијата да се дислоцира.

Блокадата на патот до Русино започна на втори август.

Најнови вести