петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партиската забава на ДУИ продолжи пред куќата на Мајка Тереза- гордо се вееше албанското знаме, присутните не носеа ниту заштитни маски

Партиската забава на ДУИ продолжи пред куќата на Мајка Тереза- гордо се вееше албанското знаме, присутните не носеа ниту заштитни маски

По церемонијата која денеска се одржа на плоштадот Македонија по повод откривањето на спомен плочата посветена на Света Мајка Тереза присутните се упатија кон спомен куќата на Тереза каде гордо го развеаја албанското знаме.

Присутните според фотографиите се гледа дека не носат никакви заштитни маски и не ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести за пропишана дистанца од 1,5 до 2 метри.

Инаку претходно на собирот се обрати претседателот на Собранието Tалат Џафери.

Денешниот настан е во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза, организирана од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ .

Најнови вести