Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска на денешната собраниската говорница вели дека додека целиот свет се справувал со економска и здравствена криза, македонските граѓани биле сведоци како идниот владин состав вршел насилие врз правниот систем на Македонија.
-Не така далеку временски гледано денес имавме грубо газење врз демократијата, правата и слободата, каде во време на пандемија каде што целиот свет се соочуваше со здравствена и економска криза, ние овде сведочевме како идниот состав на влада нанесе буквално насилие врз правниот систем во Македонија.
Петрушевска, додаде дека владината програма е без визија, мерки и цели, укажувајќи дека програмата не нуди мерки за намалување на иселувањето на младите, како и намалување на сиромаштијата потсетувајќи дека во моментот во Македонија живеат 500.000 граѓани на прагот на сиромаштијата Дозволете ми да ви покажам како изгледа програма на влада. Еве токму вака без визија, без мерки, без цели. Пораката која оваа програма ја упатува е навистина јасна. Имено оваа програма не нуди намалување на сиромаштијата, за потсетување ние во Македонија имаме 500.000 граѓани кои што живеат на работ на сиромаштијата. Оваа програма нема проекти кои што ќе придонесат да се намали иселувањето на младите од истокот и западот без оглед на нивната верска припадност, рече Петрушевска.
Според Петрушевска, наместо програмата да нуди демократски и функционални институции, нуди урнисување на институциите.
-Оваа програма не нуди функционални и демократски институции туку напротив продолжување и урнисување на институциите. Имаме погазување на народот затоа што фамозниот коалициониот договор за нов владин состав не нуди просперитетна европска Македонија, туку напротив тесно партиски интереси за лични бонбона бизниси и спас на неколкумина од власта. Она што ме загрижува е дали е на повидок нов бонбона бизнис со Македонска пошта. Ја споделам грижата со 2.500 вработени во Македонска пошта кои што се прашуваат за секој нов нареден ден, нагласи таа.
Петрушевска посочи дека коалицијата СДСМ-ДУИ значи дека ќе се делат тендери исклучиво на фирми блиски до власта, додека пак граѓаните ќе бидат оставени на питачки стап.
-Ова коалиција значи дека розите ќе цветат исклучиво во дворот на фирмите само на оние кои што се блиски до власта, тендери од народни пари, додека граѓаните ќе бидат оставени на питачки спас. Замислите ние треба да дискутираме за влада која нема легитимите и кредибилитет за дел од тука потрошени политичари, кадри со бројни афери и случаеви кои што често милуваат да се нарекуваат самите реформска и европска влада. Не постои европска влада која што има волку афери и криминал. Искрено посакувам но за жал не очекувам дека во наредниот период искрено ќе се преземат мерки и реформи за да имаме напредок за нашата европска агенда. Ова го велам затоа што наместо борба со криминалот и корупцијата ние ќе гледаме како се делат тендери на блиски луѓе, а улиците во Македонија ќе наликуваат на најлош крими филм, истакна Петрушевска.