недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Шварценегер ќе глуми во нова шпионска серија

Шварценегер ќе глуми во нова шпионска серија

Легендарниот акционен актер, Арнолд Шварценегер, ќе глуми во новата едночасовна шпионска серија, која ќе се прикажува на „Скајденс“ телевизијата, тврди „Варајети“.

Освен главната улога, Шварценегер ќе биде извршен продуцент, а тоа ќе му биде телевизиско деби.

Серијата е опишана како шпионска авантура со татко и ќерка во центарот на приказната.

Се уште не е познато кој ќе ја глуми ќерката на Арнолд.

Со овој проект Шварценегер ќе ја продолжи соработката со „Скајденс“ , која ја оствари на последните два филма за Терминатор.