сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Потрошила 16.000 евра за тетоважи: Погледнете како изгледа, негативните коментари се почести (ФОТО)

Потрошила 16.000 евра за тетоважи: Погледнете како изгледа, негативните коментари се почести (ФОТО)

Надалина Андерсон од Шкотска има само 20 години, а скоро 90% од нејзиното тело е веќе покриено со тетоважи.

Нејзината намера целосно да се покрие била спречена со бременоста, но само за кратко бебето да порасне малку и повторно да се „фрли“ во тетовирање.

За ова уметничко дело дала повеќе од 16.000 евра, а причината за нејзиниот потег е – нејзиниот татко.

Таа во една прилика за локалните медиуми изјавила дека е татино девојче и отсекогаш била фасцинирана од неговите тетоважи. Да биде како него, таа решила да се исцрта.

На нејзините фотографии има голем број на позитивни коментари, но сепак, преовладуваат оние негативните-дека не личи на девојка и дека си ја уништила природната убавина.