среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорчевци со закана кон Наумовски: Ќе поставиме барикади ако не го ревидираш ДУП-от

Ѓорчевци со закана кон Наумовски: Ќе поставиме барикади ако не го ревидираш ДУП-от

ЃОРЧЕВСКИ БЕТОНСКИ ЅИД !!!!

Во самото образложените на ДУП СЗ 24 Јурија во Дексион кое е изготвено од бирото што го правело планот стојат овие податоци !

Секој што сака да изврши увид нека пише документот ќе му биде испратен директно !

Дали е нормално на толку мал простор како Јурија да се изградат по предвидувањата 774 СТАНОВИ, а знаејќи го наравот на нашите градежници и многу повеќе !?

НОВИ СКОРО 3000 ЖИТЕЛИ !

90544 м2 БРУТО РАЗВИЕНА ГРАДЕЖНА ПОВРШИНА !

Со катност П+1+17 и ВИСИНА ОД 58 МЕТРИ !

БЕТОНСКИ ЅИД ОД 17 КАТА И 58 МЕТРИ ВИСИНА !

Ова значително ќе ја промени демографската слика во тој дел од населбата !

Каде ќе се паркираат овие автомобили ако по просек се пресметува 1,5 автомобил по семејство ?

Каде ќе одат во училиште и градинка овие дечиња ?

Дали има свестост и свест за хумано живеење или само профитот е важен, а градоначалнику Aleksandar Naumoski ?

Формирана е Иницијатива на граѓани од Дексион кои бараат ревидирање на овој ДУП со цел инкорпорирање на начелата за хумано живеење, доколку барањата не се исполнат ЌЕ СЛЕДАТ БЛОКАДИ НА УЛ. ЃОРЧЕПЕТРОВСКА !