Ќе се прави дезинфекција на просторот и дворовите на градинките и ќе се поставуваат едукативни постери во овие установи, рече министерот за здравство Венко Филипче.
-Секоја установа треба да обезбеди доволно лична заштитна опрема и задолжително проветрување на просториите. Нема собирање на вработените во градинките. Тие треба да го следат здравјето на децата и нивната состојба. При влез во градинката, на секое дете ќе се мери температура и ќе ги мие рацете. Секој родител ќе треба да донесе лекарска потврда за состојбата на детето. Доколку родителот забележи симптоми на детето, не треба да го носи во градинка, истакна Филипче.