Редици колони утрово се создадоа на влезот на Скопје во Автокоманда.
Сведоци за КУРИР велат дека утрово сообраќајот таму е закрчен, а истото се случувало и вчера вечерта каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос.
Причината иако е непозната според информациите на нашиот сведок се работи за градежни работи на овој булевар поради што е затворена и третата лента за сообраќај, а функционираат само две.
Возачите на социјалните мрежи предупредуваат и за трпеливост во сообраќајот и дека сите брзаат за на работа ова утро.