среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: ВМРО го поддржуваше, а не организираше движењето за заедничка Македонија како што СДСМ ја поддржуваше шарената револуција

Илиоски: ВМРО го поддржуваше, а не организираше движењето за заедничка Македонија како што СДСМ ја поддржуваше шарената револуција

ВМРО-ДПМНЕ поддржало голем број на активности и разни здруженија каде членовите на ВМРО-ДПМНЕ зеле учество, ова денеска во судот во врска со настаните од 27 април го истакна Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

По неговиот исказ обвинителката Вилма Русковска нервозно со повишен тон праша дали ВМРО-ДПМНЕ ја поддржал и шарената револуција која за потсетување таа ја поддржа.

Илиоски кажа дека тој лично не ја поддржал.

-Пратениците од Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Скопје, Крива Паланка и други потврдија дека воопшто немало организиран превоз на членството на 27 април. Исто така потенцираа дека никој од пратениците не знаел дека тој ден СДСМ ќе бира претседател на собранието, па нема никаква логика некој да организира превоз, вели Илиоски.

Најнови вести