Излегуваат нови моменти за линискиот судија на УС опен поради кој беше дисквалификуван Новак Ѓоковиќ.
Српските медиуми веднаш открија дека Лаура Кларк е љубител на добрата чашка и дека на многу фотографии може да се најде со алкохол.
Но за тоа имало и добра причина.
Лаура имала животна трагедија. Во 2008 година синот и загинал во сообраќајна несреќа. По ова таа тешко се опоравила и тенисот и бил голема утеха.
Инаку претходно членовите на нејзиното семејство за светските медиуми изјавиле дека таа е личноста која беше ненамерно удрена со топката во вратот од фаворитот на овој турнир.
Инцидентот се случи пред крајот на првиот сет, каде резултатот беше 6: 5 во корист на 20. носител Пабло Карен Буста.
Кларк по незгодата падна на земјата и се фати за грлото, а откако забележа што се случи тенисерот веднаш се обиде да и помогне.