Изгледот на поранешниот супермодел ги зачудил обожавателите
Некогаш важеше за најзгодната манекенка со необична убавина, а денес нема ни бледа сенка од таа жена.
Кејт Мос била фотографирана во Лос Анџелес, а токму тие фотографии предизвикале вистинска лавина од коментари. На нив поранешната манекенка изгледа речиси неприфатливо.
Неуредната коса и уморното и испиено лице не се нешто на коешто фановите се навикнати. Тие се загрижени и се прашуваат што ѝ се случило.
-На нејзиното лице се гледа дека не е среќна, коментирал еден обожавател.
-Дали нешто навистина ја мачи или можеби само имала лош ден, не знаеме, но дефинитивно изгледа многу лошо, следел уште еден коментар.