Екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева куќниот притвор ќе продолжи да го издржува во Гевгелија.
Информацијата беше денеска соопштена во судница, за време на рочиштето кое се одложи, а во кое Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање.
Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор чекајќи ја одлуката на Апелација, за првостепената пресуда во која Јанева е осудена на 7 години казна затвор.
Рочиштето по приватната тужба денеска беше одложено поради неодамнешната операција на Бојан Јовановски.