четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Слават Нова година со приватни кетерензи, а платите на работниците доцнат во Агенцијата за патишта

Ваквите постапки на директорите поставени од страна на СДСМ покажува дека за нив е поважен нивниот луксуз него грижата за работниците.
ФОТО: Слават Нова година со приватни кетерензи, а платите на работниците доцнат во Агенцијата за патишта

Додека работниците на Агенцијата за државни патишта немаат земено неколку плати, раководството на Агенцијата на дрзок и безобразен начин нарачува кетеринг во просториите на агенцијата.

Луксузирањето на ваков начин не е непознато за новопечените директори поставени од страна на СДСМ.

Јавноста е сведок како се нарачуваат лешници, морски плодови, автомобили во вредност од илјадници евра, додека вработените на неколку институции  се во секојдневно исчекување за тоа како ќе ги поминат новогодишните празници.

Ваквите постапки на директорите поставени од страна на СДСМ покажува дека за нив е поважен нивниот луксуз него грижата за работниците.

Најнови вести