Според психологот Саманта Родман, она во што спие мажот го открива неговиот карактер.
Проверете дали описот одговара на вашиот маж.
Пижами
Удобноста е најважна за него и тој е многу сигурна личност на која секогаш може да се потпрете.
-Мажите кои спијат во пижами најчесто се приврзани за своите партнерки, негуваат семејни односи и многу, многу уживаат во мазење, истакнува психологот Родман.
Ќе се чувствувате безбедно и посебно во неговата прегратка.
Боксерки
Оваа категорија дефинитивно вклучува најголем број мажи од многу едноставна причина – тоа е наједноставното решение за спиење. Но, тоа исто така кажува многу за нивниот карактер.
Имено, овие мажи се многу едноставни, сакаат спорт, дружење со пријателите и секогаш се подготвени за акција.
Тие често се доверливи во љубовта, а во бракот се добри сопрузи и татковци.
Ништо
Спиењето гол укажува на многу спокоен човек желен за акција и адреналин. Тој веројатно ќе обожава патувања и нови животни искуства.
Овие мажи околината често ги перцепира како ексцентрични личности.