петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јосифовски: Заев и Пендаровски не смеат да си дозволат за полемизираат за историјата и македонштината

Јосифовски: Заев и Пендаровски не смеат да си дозволат за полемизираат за историјата и македонштината

Екс пратеникот на НСДП Љубомир Јосифовски во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека ниту премиерот Зоран Заев, ниту шефот на државата Стево Пендаровски не смееле да си дозволат да ја полемизираат за историјата на Република Македонија и македонштината.

-Мислам дека претседателот Пендаровски се залепи на она што веќе во континуитет трае извесни три години, од моментот на потпишување на договорот за добрососедство со Република Бугарија и тука ја гледам и неговата најголема грешка. Но не само неговата грешка, туку исто така и на премиерот Заев. Договорот за добрососедство со Република Бугарија, е договор кој што се заснова помеѓу две држави. Чин каде што одлучуваат и потпишуваат политичарите во име на граѓаните. Она што не смееше ниту претседателот, ниту премиерот да си го дозволат е моментот да ја дискутираат историјата на Република Македонија, не смеа да си дозволат да влезат во полемика за македонштината, не смеа да влезат во полемика и да аргументираат туѓи изјави на наши пресови како факти, вели Јосифовски.

Јосифовски, вели дека Македонија е држава со сопствена историја, укажувајќи дека политичарите треба да треба да се иземаат од разговори, преговори и факти кои што можат да ги толкуваат само историчарите.

-Република Македонија е држава која што има сопствена историја, која ја негува со векови и кој што секој ќе допре до нејзе ќе наиде на еден одбранбен штит кој што е многу голем иако во моментот сите мислам дека поминува многу лесно. Она што е битно е што во најкраток можен рок политичарите кои што ја управуваат државата треба да се иземаат од разговори, преговори, и факти кои што можат да ги толкуваат само историчарите, рече Јосифовски.

Најнови вести