Игор Здравковски, Пратеник во Собранието во своето обраќање посочи дека СДСМ пред да дојде на власт ветуваше едно општество за сите и потсети на пи-ар тим кој во текот на кампањата имаш еден многу јак прогресок кој гласаше „теовел еменге буте бер шенге , обиџуку“. Имено Здравковски укажа дека тоа едно општество за сите било само за „ офтото април“ и кога требало да се делат оние социјални пакети.
-Од овој предлог заменици министри гледаме дека тоа не важи и гледаме дека имаме предлог само за две етнички заедници односно вклучително тука е и турската три, а останатите Бошњаци, Роми, Срби, Власи воопшто не се вклучени. Премиерот кажа дека ќе биле од пониските структури меѓутоа тоа не е она што го нарекуваме врвот на државната управа, рече тој.
Имено Здравковски потенцираше дека најмногу му паѓал во очи заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски затоа што тој бил дел од тимот кој што направил најголема штета во земјоделието.
-Тој беше дел од тимот кој направи една катастрофа и една непоправлива штета во земјоделието. Тој беше дел под тимот кога се увезоа милион килограми тутун по цена од 5 евра, а тука просечната цена на тутунопроизводители им беше 220 денари. Беше дел од тимот кога 135 илјади тони јаболко од Ресен се произведоа, половината се продадоа како индустриски по еден денар, а трпезните по 8 денари што ги става овие производители во Ресен во една ситуација каде што ниту напред, ниту назад не можат да преживеат ниту можат да се откажат, вели пратеникот.
Тој додаде дека во врска со цената на грозјето власта не може да постигне загарантирана цена иако тоа го ветуваше дека ќе се постигне.