Во Скопје, на 90-годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера. Павлина Апостолова-Богданова припаѓа на прават генерација оперски солисти што ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.
До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.
Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.
Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник. Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.