сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриевска Кочоска: Безобразно и некоректно е ова што и се прави на Гордана Јанкуловска

Димитриевска Кочоска: Безобразно и некоректно е ова што и се прави на Гордана Јанкуловска

Гордана Димитриевска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата на телевизија 24 зборуваше за Гордана Јанкуловска која денеска беше однесена во затвор и кажа дека според неа тоа е безобразно и некоректно што и се прави на нејзе.

-Имаме спроведување на едно лице да отслужи затворска казна за нешто што веќе долго време се користи од страна на сегашната власт, така да ова е безобразно, некоректно. Јас ова сега го слушам за вас и чесно ќе беше доколку тој мерцедес навистина се продадеше и се тргнеше настрана и после може да дискутираме тоа дали е праведно или не е праведно да се уживаат повластиците и да се искористува нешто за кое што некој друг е обвинет е комплетно за мене неприфатливо и не би имало што повеќе да додадам во врска со сето ова, истакна Димитриевска Кочоска.

 

Најнови вести