Македонската актерка Емра Куртишова која се прослави во улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“ вчеравечер објави необична фотографија на својот Инстаграм профил со што ги собра сите воздишки.
Имено таа сподели фотографија алудирајќи на свеста кај жените за борбата против ракот на дојката на првиот ден од октомври кој е месец на борбата против ракот на дојката.
„Октомври месец на борбата против ракот на дојка“, напиша актерката.
View this post on Instagram
Со оваа порака актерката алудираше на тоа дека не само во месец октомври, туку во текот на целата година жените мора да се грижат за своето тело и да вршат редовни здравствени прегледи.