петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маневски: Нема ниту една реформска одредба во законот за изменување и дополнување на законот  за судовите

Маневски: Нема ниту една реформска одредба во законот за изменување и дополнување на законот  за судовите

Во Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, кој е ставен во Собраниска процедура, нема ниту една реформска одредба. Се е фарса. Иако долго време наголемо се најавуваа наводни судски реформи, од тоа нема ништо. Се е празно, безидејно и пуста желба да се допише уште едно лажно бројче во планот дека се вршат некакви реформи на судскиот систем. Се се сведува на реформи, заради реформи, како што пред неколку дена во јавната дебата изјави професорот Д-р Гордан Калајџиев.

Во причините за поднесувањето на Законот, каде што се врши оценка на состојбите во областа  што треба да се уреди со донесувањето на законот, не се наведува ништо и не се прави никаква оценка на состојбите во областа. Сето тоа, колку да се задоволат формалностите, е искажано на половина страничка од вкупно 35 реда текст. Тоа ли е таа големата судска реформа која треба да се спроведе врз основа на една штура оценка на сотојбите искажана во 35 реда текст од празни зборови? Имаат ли овие луѓе барем малку срам и барем малку почит кон она што се нарекува професионалност и одговорност? Очигледдно дека немаат. А што може да се очекува од еден заменик министер Оливер Ристовски, кој залутал во министерството за правда, правно полуписмен, безидеен и тотално неспособен.

Во времето од 2006 до 2011 година се донесени преку 100 закони од областа на судството за спроведување на Стратегијарта за судски реформи од 2005 година, кога се донесени и десет Амандмани на Уставот на Македонија за судскиот систем. Сите закони се донесени со целосна верификација на ЕК и во нив се вградени највисоки стандарди. Од донесените 17 закони се двотретински. Донесени се нови или значително се изменети Законот за судовите, Закон за судскиот совет, Законот за јавното обвинителство, Законот за кривичната постапка, Законот за парничната постапка, Законот за вонпарничната постапка, Законот за академија за судии и обвинители, Законот на општата управна постапка, Законот за управните спорови, Законот за судска служба, Законот за плати на судиите и јавните обвинители, Законот за плати на членовите на судскиот и Советот на јавни обвинители, Законот за управување со судски предмети, Законот за бесплатна правна помош и многу други закони.

Согласно одредбите од тие  закони, основани се девет нови судски институции со над 350 вработени, како што се Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Академија за судии и обвинители, Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управен суд, Виш управен суд, Апелационен суд Гостивар, Вишо јавно обвинителство Гостиватр, посебен Оделение во кривичниот суд за гонење на кривичните дела на организиран криминал и корупциј и сите тие успешно функционираат.

Комплетно се реновираа 11 од најголемите судови и сите судови се опремија со современа информатичка технологија. Во 2008 година се воведе АКМИС системот за елекронсо водење на уписниците и распределба на предметите. Во 80 судници се вгради опрема за тонско снимање на рочиштата, се изгради нова судска зграда.

Со примената на реформските закони, целосно се променија состојбите во судството. Зостатокот на нерешените предмети од 980.000 во 2010 година се намали за 9 пати и тој број на нерешени предмети во судовите во 2017 година изнесува окулу 117 илјади предмети. Приливот на новите поредмети е намален за три пари од фантастични 1.640.000 во 2010 година на помалку од 600 илјади предмети на годишно ниво. Сите судови се ажурни и го совладуваат приливот на новите предмети и ги намалуваат заостатоците.

Што се наведува во Извештајот на Рајнхард Прибе?

Во Извештајот на Прибе, кого често лажно го цитираат, се наведува  дека  “земјата поседува сеопфатен збир на правила кои, доколку целосно се почитуваат, треба генерално да осигураат соодветно функционирање на судскиот систем со високи стандарди… Високо квалификувани и искусни судии, обвинители и судски персонал се на располагање во доволен број за да овозможат ефективно функционирање на судскиот систем”.

Забелешките на Прибе не се однесуваат на недостаток на закони, туку се однесуваат на доследна примена на законите, за јакнење на принципот на одговорноста во постапувањето и менаџирањето со судовите. Земјата поседува сеопфатен збир на правила и високо квалификувани и искусни судии, обвинители во доволен број за да овозможат ефективно функционирање на судскиот систем. Прибе не посочува потреба од донесување на нови или изменување на законите.

Измените и дополнувањата на Законот за судовите што се предлагаат се ретроградни, штетни и дегенеративни. Наместо да се почитуваат постигнатите резултати на кандидатите во просесот на образование, како еден од факторите за влез во судството на подобар кадар, се прави salto mortale и се брише просекот од 8 потребен за влез во Академијата за судии и обинители.

Платените дипломи и купените шестки повторно на сцена?

Зошто во членот 45 став  1 алинеа 4 се бришат зборовите со просек најмалку осум и зборовите со просек најмалку осум во секој од двата циклуса на универзитетски студии?  Која е целта?  Наместо да јакнат критериумите за влез во Академијата на најдобрите дипломци кои ги завршиле студиите со просек од најмалку осум и поголем успех, се стимулираат послабите кои дипломирале со 6 -просечна оценка. Дали не им се дава шанса на тие што купиле шестки или се стекнале со платени дипломи?  Се  стимулира незнаење  и помало знаење,  наспротив гаранциите на тие што ги пружаат тие што  студиите ги завршиле со далеку погоем успех.

Зошто се менува членот 75 став 1 алинеа 1 која предвидуваше потешка повреда ако не се преземаат дејствијата во предвидените законски рокови за донесување, објавување или изготвување на судските одлуки и наместо една се предвидуваат две негативни последователни оценувања? Со вакви решенја се девалвираат основните принципи на законито, стручно и совесно извршување на судската функцијка. Не е чудно што, бидејки веќе долго време ништо не се презема, пресуди да не се напишат во рок од 15 односно 30 дена, туку да стојат не напишани и до 1000 и повеќе денови и тоа не мал број. Чудно но вистинито и сето тоа без никакви последици. Така ли ќе се зголемува довербата на граѓаните? Така ли ќе расте одговорноста за вршење на функцијата?

За какво време се подготвуваат идните судии и обвинители? Зошто во членот 45 се брише  докажувањето на активно понавање на еден од јазиците најчесто користени во ЕУ со европски признати сертификати? Дали со ова не се создава простор за манипулации и изигрување на Законот? Што сметаше ова одредба. Целта е да се подготвува профил на европски судија, а не да се создаваат основи за манипулации.

Што е целта со овие наводно реформски закони од  судството?

Овие закони се нарекуваат реформски, а имаат дневнополитички цели. Зоран Заев  и Владата сакаат да протнат кукавичко јајце и до крај да го заробат судството. Се закануваа со генерален реизбор на судиите, на судиите им поднесуваа кривични пријави, им поднесуваа обвинителни акти за донесена судска одлука, вршеа незаконски претрес во судски канцеларии и дом на судија. Овие закони им се потербни да ги камуфлираат незаконитите обвиненија безмалку против целото бившо раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Удрија по родољуби и патриоти, кои ја сакаа и со песна ја бранеа својата земја, и од нив направија терористи. Удрија по директорите на јавните претпријатија и агенции. Веќе долго време, а сега многу интензивно со сета сила удрија по поранешните градоначалници на општините и веќе против повеќе од половината се спроведува истражна постапка или се поднесени обвиненија.

Никој да нема илузии, колку повеќе вршат притисок врз судиите, толку ќе биде поголем нивниот отпор, кој постојано ќе се зголемува. Првиот удар веќе го пребродија. Се наоѓаат поединци кои потпаѓаат под дневнополитички интереси. И тие набргу ќе се освестат и ќе согледаат каде одат и на кого му служат. Тие се избрани да му служат на народот и да ги штитат интересите на граѓаните и општеството, а не на Зоран Заев и на СДСМ.

Михајло Маневски

Најнови вести