петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата гази и по млекарите

Владата гази и по млекарите

По овоштарите и лозарите, незадоволство и кај млкекопроизводителите. Млекарите гневни на власта, излегоа на протести и бараат поддршка од власта субвенции и повисока цена на млекото. Млекопроизводителите велат дека се заборавени од власта со 4 от пакет на мерки и бараат поддршка од Владата со новиот ребаланс на Буџетот.

Бараат да им се исплатат субвенциите за цела 2019 година и половина од 2020 година како и субвенциите за по грло задобиток за 2020 година бидејќи млекарите не се опфатени во ниедна мерка. Бараат ваучери, помош, и се жалат дека не се заштитени од никого. Доколку не им се исполнат барањата велат дека ќе превземат радикални мерки. Се жалат дека сточарството во Македонија се уништило и бараат повисока цена на млекото.

Пелагониските млекопроизводители вчера излегоа на предупредувачки протест со повеќе барања. Тврдат дека се забореване од власта, пари нема, а производствените трошоци секојдневно им се зголемуваат. Бараат парите за неисплатените субвенции за година и пол да се обезбедат со ребалансот на буџетот.

-Да се исплатат субвенциите за цела 2019, поливина од 2020 и субвенции за грло добиток за 2020, бидејќи нашите земјоделски фирми, нашите физички лица, не се опфатени во ниту еден пакет, рече Борче Бучински млекопроизводител од Могила.

Млекопроизводителите не се задоволни ниту со откупните цени на млекото. Велат, млечните производи постојано поскапувата во малопродажба, но од тие покачувања за нив нема ни денар, поради што нема интерес за сточарството, а сточарите се десеткувани.

-Ние имаме трошоци, се оди нагоре, се се поскапува, а нашето млеко стои во место, ниту се споменува дека ќе му се помогне на сточарот, вели Гоце Кантаровски, млекопроизводител од Могила.

Млекопроизводителите од Пелагонија најавија радикални протести, со блокада на магистрални патишта, доколку за една недела не добијат одговор за нивните барања.

 

Најнови вести