петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Владата со народни пари купува “мир во куќа”

Арсовски: Владата со народни пари купува “мир во куќа”

Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” на ТВ 24 гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој зборуваше за владините грешки, ребалансот на буџетот, како и штетните политики кои владата под палка на СДСМ ги донесува изминатите речиси четири години.

Арсовски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ одамна апелира и укажува на тоа дека буџетот е неразвоен и дека тој не е ефективен. Според него буџетот е нетранспарентен, односно дека владата нетранспарентно го донел буџетот без при тоа да биде разгледан од експертите.

Најголем дел од задолжувањата кои владата ги позајми беа за купување на “мир во куќа”, односно преку социјални пакети зад кои се крие поткуп, да се залаже одредена категорија на луѓе, која за жал ги користи тие средства затоа што владата не изнајде проекти и капитални инвестиции за да ги реши нивните проблеми на подолг рок, туку моментално се задоволуваат со социјалните пакети, вели Арсовски.

Арсовски додаде и дека владата веќе подолг период ја искажува неспособноста, некадарноста и немањето желба да се работи за потребите на граѓаните, туку покажуваат елитизам и договарање на зделки кои се од полза на соработниците на Зоран Заев.

Владата речиси четири години се крие зад истите лажни проекти и мерки, кои и самите знаат дека се повеќе од популистички. Со ваквиот начин на работа и задолжување на граѓаните непотребно за задскривање на сопствената некадарност, казната ќе стигне многу побрзо од што мислат, заврши Арсовски.

Најнови вести