петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски со порака до Шилегов: Гребење на асфалт не е градежна офанзива, туку остварување на капитални проекти како подземна улица под Кале и пробивање на булеварот „Илинден“

Нелоски со порака до Шилегов: Гребење на асфалт не е градежна офанзива, туку остварување на капитални проекти како подземна улица под Кале и пробивање на булеварот „Илинден“

Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет при ВМРО-ДПМНЕ утринава гостуваше на утринска програма на Алфа телевизија при што посочи дека поради преголемиот сообраќаен метеж што се случува изминативе денови во Скопје, граѓаните не можат да планираат како своето слободно време ќе го искористат, бидејќи се заглавени во метежот. А, сето ова се случува поради неспособноста на градоначалникот на Град Скопје.

„За жал денеска имаме хаос, сообраќаен метеж, нервоза не само во оние кои што се нарекуваат пикови наутро кога одат граѓаните на работа, и попладне кога се враќаат од работа, туку имаме во текот на целиот ден. Тоа е така поради тоа што Градот Скопје неплански ја прави оваа реконструкција на самите улици.  Бидејќи одлучиле да прават сега во септември, октомври таа реконструкција наместо да биде направена во јули или пак во август кога Скопје е порастеретено, кога има помалку луѓе. Летово, луѓето се по одмори, а улиците се помалку прометни, едноставно ќе има помалку нервози“, појасни Нелоски.

Нелоски додаде дека за жал претпоставува дека поради тоа што локалната власт изминативе три години ништо не направи да го подобри животот на Скопјани, а се ближат локалните избори, затоа сега започнаа со реконструкција на улиците низ градот.

„Сакаат сега да покажат некој градежна офанзива. Кога зборуваме за градежна офанзива мора да се напомене дека лично според мене ова што се случува со гребењето, а подоцна асфалтирањето на улици е да се затскрие односно да се направи една промена на тези дека градоначалникот не работи. Што мислам со ова? Најлесно е за некој градоначалник без разлика во кој град или општина раководи да земе да ја изгребе улицата и да стави нов асфалт врз изгребаното. Ваквите зафати се завршуваат за десетина дена. Она кое што е лошо и неплански направено, значи освен со асфалтирањето на улиците низ Скопје, да не заборавиме дека во овој момент источниот влез на Скопје е скоро целосно блокиран“, нагласи Нелоски.

Нелоски посочи дека Градот Скопје кај источниот влез од градот истовремено асфалтира две улици кои се приодот. Тоа се ул. „Александар Македонски“ и „Благоја Стефкоски“ кои се паралелни, поради асфалтирање граѓаните кои доаѓаат надвор од Скопје за да работат во градот чекаат со часови за да дојдат на работното место.

„Сето ова го прават бидејќи сакаат на една година пред локалните избори кои што ни следат во 2021 година да покажат дека работат. Но да не заборавиме дека Скопјани се паметни, Скопјани не забораваат. Петре Шилегов во овој момент копа безброј улици поради две причини. Првата причина е да покаже дека работи нешто, но и воедно да затскрие дека вети пробивање на булеварот „Илинден“ кон населбата „Даме Груев“. Проект кој што нема теорија да го направи“, појасни Нелоски.

Нелоски потсети дека Шилегов вети на граѓаните и подземна улица под Кале, проект кој што не е ни на самиот почеток. Тука е и ветената четврта фаза на изградба на булеварот односно реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ од Кисела Вода према Драчево, тоа е капитален проект кој за жал не доживеа реализација. Делот кај Железара и за таму Шилегов вети пробивање на булеварот „Хрватска“, поточно од Бутел спрема Железара. Капитални проекти кои што означуваат градежна офанзива, е не гребењето на асфалт како што Шилегов си замислува.

„Шилегов е свесен дека не може да ги направи проектите кои што ги вети, бидејќи за тие проекти треба минимум една година напорна и макотрпна работа“, рече Нелоски.

Најнови вести