ТВ21, покрај предлогот на Куштрим Рамадани за директор на МЕПСО, дознава и дека Демократската унија за интеграција дала предлози за директори и на следниве претпријатија:
Јавното претпријатие „Државни патишта“ директор да биде, Ејуп Рустеми, кој е актуелен директор на „Пошта на Македонија“, за Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, Агенција за електронски комуникации, Јетон Акики, Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ да биде, Лирим Шабани.
Во меѓувреме, за М-НАВ предложени се две имиња, Миџен Селмани и Фахредин Хамиди.